Основната каматна стапка во Велика Британија треба да се зголеми до три отсто

Од:

Заменик-гувернерот на Банката на Англија, Чарли Бин изјави денеска дека основната каматна стапка во Велика Британија ќе порасне до 3 отсто, но тој смета дека тоа нема да се случи во наредните 2,5 години.

Според Бин, основаната камата, што е „замрзната на најниското ниво досега“ нема да почне да расте пред почетокот на 2017, а најдоцна пред 2019 година.

Чарли Бин е член на Комисијата за монетарна политика во Банката на Англија, која ја определува основната камата. Тој смета дека може да се случи, порано од предвидените рокови, да започнат позитивните текови во домашната економија, што ќе го овозможат растот на основната каматна стапка.

Гувернерот на Банката, која во Велика Британија ја има улогата на Централна банка, претходно навести постепен раст на каматата, но рече дека тоа нема да се случи пред следните парламентарни избори, предвидени за мај идната година.

Основната камата сега изнесува 0,5 отсто и таа е воведена уште во март 2009 година. Причина за тоа беше избувнувањето на глобалната финансиска криза во октомври 2008 година и таа продолжи да се одржува во изминатите пет години.

Финансиски и економски експерти тврдат дека без разлика на засиленото заживување на британската економија, граѓаните и домашниот бизнсис се се уште „премногу слаби“ за да издржат забрзан и висок раст на основната каматна стапка.

До октомври 2008 година основаната камата во Велика Британија изнесуваше 5 отсто.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он