Османи: Северна Македонија прераснува во сериозна инвестициска дестинација

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со Амбасадорката на Австралија за Северна Македонија, Рут Стјуарт.

На средбата беа отворени темите поврзани со европските интеграции на земјава и статусот на спроведените реформи, а се разговараше и за потенцијалите за соработка помеѓу Северна Македонија и Австралија во повеќе сегменти.

„Северна Македонија е новата реалност на Балканот- земја која од длабока политичка криза стана лидер во регионот во спроведување на реформи за европска интеграција и земја која ги има затворено поголемите билатерални прашања со соседите“, истакна Вицепремиерот Османи, додавајќи дека создадениот т.н. „трак- рекорд“, односно видливи резултати од спроведените реформи се доказ за сработеното во рамки на евроинтегративниот процес.

„Во овој период, кога евроатлантската интеграција на земјава е веќе извесна, Северна Македонија станува земја која е и политички и економски стабилна за странските инвеститори, а дополнително на тоа нуди конкурентска предност за привлекување на инвеститорите, со оглед на тоа што земјава располага со квалификуван кадар“, посочи Османи.

Османи и Стјуарт се согласија дека билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Австралија има потенцијал да се прошири и продлабочи во повеќе сфери, при што, во таа насока, беше акцентирана можностите за користење на австралиската билатерална развојна помош. Тема на разговор беше и интензивирањето на трговската размена, за која соговорниците се согласија дека е на многу ниско ниво од само 9,7 милиони американски долари, и покрај зголемениот извоз на производи од земјава за 28 %. На крајот, беше истакнато дека постои можност и за олеснување на визниот режим, што би било од големо значење за двете земји, како поради бројната македонска дијаспора во Австралија, така и во насока на подобрување на целокупната соработка помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски