Оризопроизводителите од Кочанско бараат од пратениците да ја поддржат владината мерка за интервентна финансиска помош

Од:

Членовите на Здружението на оризопроизводители „Бело злато“ од Кочани бараат од пратениците да дадат едногласна поддршка на владината одлука за интервентна финансиска помош од три денари за предаден килограм оризова арпа.

На денешната прес-конференција земјоделците истакнаа дека очекуваат на првата наредна седница на Собранието да даде согласност за дополнителната мерка, со што исплатата на помошта ќе може да почне пред новогодишните празници.

– Ги повикуваме сите пратеници, посебно оние од регионот, да дадат поддршка за оваа мерка што е дел од владината ковид програма. Покрај редовните субвенции за производство на ориз, преку владиниот Генерален секретаријат треба да се исплатат уште по три денари за килограм арпа што земјоделците ја предале кај овластените откупувачи во периодот од 1 јануари до 15 декември годинава. Со тоа корист ќе имаат околу 1200 оризопроизводители од кочанскиот регион, при што за околу 20 илјади тони арпа ќе бидат исплатени дополнителни 60 милиони денари. Сметаме дека се работи за позитивен исчекор на ресорното министерство и на Владата, со што во вистински момент на земјоделците ќе им се надомести дел од загубата поради ниските откупни цени, истакна Зоран Борисов од Здружението „Бело злато“.

Од Здружението нагласија дека покрај интервентната финансиска помош, редовните субвенции за оризот се зголемени од 25 на 30 илјади денари за хектар, а пораст од 50 на 70 отсто има и кај надоместокот за „зелена нафта“.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

Оризопроизводители протестираа во Облешево

Вработените во ЕВН Куманово ги напуштија канцелариите: Загрозена им е безбедноста

Орце Костов

Толпа жители од Оризари влегле насилно во просториите на ЕВН во Куманово: Бараат да им се вклучи струјата

Орце Костов

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз

Почна исплатата на финансиската поддршка за оризопроизводителите поради последиците од пандемијата

А1он