Оризопроизводители протестираа во Облешево

Од:

Со блокада на едната сообраќајна лента на патниот правец од Штип кон Кочани, кај селото Облешево денеска оризопроизводителите од Облешево го искажаа револтот, бидејќи имаат два главни проблема.

Посочуваат дека околу 500 хектари под ориз имаат недостатокот на вода, која според нив, треба да ја има до крајот на септември за оризот со долга вегетација, но и појавата на болести за кои никој не ги испитува.

-Водата е најосновното нешто, без вода нема бериќет. Нема да биде ни пченка, ни ориз, ништо. Браната е преполна со воа и сега некои си игра, прави нереди. Алармираме три години, да дојдат од Институтот, да видат дека, навистина, во оризот има болест. Никој за тоа со прстот не мрдна. Ѓубривата, препаратите не се соодветни, ние се снајдеме кој како знае и умее, вели оризопроизводителот Здравко Арсов.

Ако наводнувањето се прекине во оваа фаза, велат оризопроизводителите, ќе нема род.

Оризопроизводителот Тони Максимов вели дека проблемите со болестите значат намалено производство од најмалку 50 проценти, со недостатокот на вода, што е проблем, на кој влијае човечкиот фактор и ќе има за 50 – 70 проценти помалку ориз.

-Зафатот на Кочанска река е однесен пред дваесетина дена, односно скинат. Водостопанство сега нема услови да го фати, бидејќи немаат ниту машини, ниту средства за да го направат тоа. Земјоделците почнаа да уклучуваат пумпи за вода, да ја црпат од Кочанска река и да ја внесуваат во оризите на повисоко ниво. Затоа бевме приморани да излеземе и да им кажеме на Водостопанство дека оризот сѐ уште бара вода, вели Максимов.

Стојче Ташовски вели дека оризопроизводителите веќе се во загуба и едвај ќе можат да ги покријат трошоците во земјоделските аптеки и бензинските. Откупната цена за килограм оризова арпа бараат да биде најмалку едно евро.

-Цената, според нашата математика и според приносите што ќе ги добиеме, би требало да биде од еден евро нагоре. Зборувам за килограм продадена арпа. Исто така и на берзата, може да забележите, цената на оризот е покачена, а и во Европа и во светот производството на ориз е намалено, вели Ташовски.

Од кочанската подружница на АД Водостопанство, „Брегалница“, велат дека затворањето на водите е во договор со водокорисниците. Раководителот, Благојчо Богатинов вели оти е голема лага дека на оризот му треба вода, но подготвени се да формираат комисија за да најде заедничко решение.

-АД Водостопанство – подружница „Брегалница“ е подготвена да формира комисија од засегнатите страни, од водокорисниците кои тврдат дека е потребно вода, од институции, институт, за да утврдиме дали е вистина или не е вистина тоа, вели Богатинов.

Оризопроизводителите изминатава недела реагираа за проблемите со кои се соочуваат пред почетокот на жетвата, а денеска тоа го искажаа со блокада на патот. Велат дека поради ваквите проблеми сѐ повеќе се насочуваат кон семиња со кратка вегетација поради што се губи квалитетот на македонскиот ориз.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади