Ордановски: Процесот на дигитализација се одвива добро и ќе стартува на 1 јуни годинава

Од:

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски денеска оцени дека процесот на дигитализација на телевизијата што треба да стартува од 1 јуни годинава се одвива добро и најави дека од технички аспект се ќе биде завршено до крајниот рок.

– Сакаме целиот процес на префрлање на дигитална платформа да го направиме така што крајните корисници да не го почувствуваат преминувањето од аналоген на дигитален сигнал. Во добра фаза сме и очекувам дека во наредниот месец и половина од техничка страна ќе биде завршен целиот проект и оти на 1 јуни ќе направиме исклучување на аналогните предаватели, изјави Орданоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната презентација на новата мерна опрема на АЕК.

Појасни дека за новиот дигитален сигнал потребно е граѓаните да имаат дигитален телевизор или соодветен ресивер кој на социјалните случаи, како што најави Владата, ќе им биде доделен бесплатно, а останатите ќе може да го купат за цена од околу 10 евра.

Со дигитализацијата граѓаните ќе имаат можност да гледаат 15-тина програми со квалитетен сигнал, односно програмите на четирите национални телевизии, трите канали на националниот сервис и регионални телевизии.

Би можело да ве интересира

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

A1on

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г

А1он

АЕК објави студија за влијанието на зрачењето од телекомуникациските уреди и технологии

Ана Ололовска

Преку мобилен, интернет користат 1 398 860 претплатници

Ана Ололовска