Оптимизмот околу американската економија ја зголеми цената на нафтата

Од:

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа благ пораст, како резултат на оптимистичките прогнози за заздравување на американската економија, по објавувањето на последните статистички податоци за стапката на невработеност, продажбата на недвижности и вкупниот стопански раст.

На електронското тргување на Њујоршката берза америкнакста „лесна“ нафта за испорака во март денеска се продава за 96,02 долари за барел, што е за 14 центи повеќе во споредба со нејзината вредност во петокот.

На Берзата во Лондон пак европскиот „брент“ од Северното Море претпладнево поскапе за 10 центи на 113,18 долари за барел.

Аналитичарите нагласуваат дека растот на цените на нафтата се должи на оптимиситчките прогнози околу економското заздравување во САД.

Ако економскиот раст на САД во последниот квартал од 2012 година биде околу 1,5 отсто, тогаш ланскиот просек ќе достигне околу два проценти, што укажува на споро, но стабилно заздравување на американската економија, оценува сингапурската банка ДСБ.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата