Опозиција: Само за партиската војска на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ има социјални станови

Од:

Продолжува разгледувањето на амандманите на буџетот за 2013. Владата не го прифаќа амандманот на Изет Зеќири, Владата да оддели 2 милиони евра за изградба на социјални станови.

На власта и забележуваат како нема пари за социјални станови, а има нови 14 милиони за  споменици  во општина Центар .

Изет Зеќири праша зошто нема солидарни станови во Шуто Оризари.

„ Социјалните станови треба правично да се распеделат. Зошто нема во Бутел, каде 800 Роми седат на улици. Оваа станбена политика не  е правична. Ова е политика не за социјални туку за партиски случаи. Зошто Бошњаците во Долнени не реагираат, Србите во Куманово. Ова е дискриминирачка поделба“, рече Зеќири.

„Да одиме заедно да видите кои луѓе излегуваат од социјалните станови. Нема

„Не е битна националната припадност, важно е дали ја имате вистинската партиска книшка.Или си член на ВМРО-ДПМНЕ или си граѓанин од втор ред. За Прометеи, врби, огради трошиме кеш пари , а за потребите на граѓаните се задолжуваме. И благо е кога ќе кажеме дека се забегани другариве кои ја водат власта.За 14 милиони евра колку ќе одат за споменици ќе се изградат 30 илјади метри квадратни социјални станови, или 600 станови или 30 згради. Кога Владата бирала кој да ги прави барокните згради и споменици, гледала да ја помогне економската состојба на Австрија, Италија и други земји“, забележа Благоја Стојановски.

„Граѓаните се делат на оние од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и останати. За партиската војска на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ има социјални станови“, вели Драгиша Милетиќ и побара ревизија за да се покаже лоповлукот на власта.

Ромео Тренов побара да не се дискредитира хуманиот проект на Владата за изградба на социјални станови.

„СДСМ направи држава која вие ја растурате“, вака Милетиќ му одговори на Тренов што направила опозицијата кога била на власт.

 

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски