Оланд пред Европскиот парламент: Да се штеди да, да се ослабe економијата не!

Од:

Од многу одамна, Европа се сомнева во себе си, се двоуми за своите избори. Таа троши многу време во носењето на значјаните одлуки, изјави францускиот претседател пред Европскиот парламент во Стразбур, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Оланд пред европратениците се заложи за почеток на реформа на економската и монетарната политика во ЕУ.

Зборувајќи за буџетот на ЕУ, Франсоа Оланд ги утврди линиите кои ќе бидат тие на Франција во преговорите кои се водат во ЕУ.

– Да се прават заштеди да, да се ослабe економијата не!

Оланд во таа прилика им испрати повик на европските партнери на Франција: „Компромис за европскиот буџет е можен, но ќе биде потребно да се вразумат европските земји кои сакаат да отидат подалеку од она што е разумно во штедењето“.

Франсоа Оланд во својот прв вистински европски говор, откако стана претседател на Франција во мај 2012 предупреди на растот на евроскептицизмот.

– Националниот интерес започна да го надминува европскиот интерес. Ако е вистина дека кризата во еврозоната е широко зад нас, ние, ние се уште не ги имаме извлечено сите поуки и последици. Тоа што нас не загрозува не е недовербата на пазарите, туку таа на народите, рече тој.

Оланд по говорот ќе треба да дебатира со членовите на Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина