„Окта“ пак прекина со работа

Од:

Рафинеријата „Окта“ веќе една недела не преработува сурова нафта. Минатата година во март, исто така беше запрено производството и рафинеријата не работеше речиси осум месеци, период во кој главно се увезуваа готови деривати од нејзината матична компанија „Хеленик петролеум“. Преработката на нафта беше обновена дури во октомври, пишува Дневник.

Повторното вклучување на погоните беше направено многу бргу по акцијата на Царинската управа, во која беа одземени девет решенија за брзо царинење поради низа прекршоци, а се поднесоа и кривични постапки за царинска измама и за шверцување.

Иако од „Окта“ официјално не соопштуваат кои се причините за прекинот на преработката, извори од рафинеријата тврдат дека тоа се должело на полните резервоари и на намалениот обем на продажба. Најмногу резерви имало на бензините бидејќи многу поголема била потрошувачката на дизел-горивата. Имало извоз кон Kосово, но тој наводно бил недоволен за да ги испразни резервите и да се почне со ново производство.

Во „Окта“ постоело незадоволство поради тоа што секој увезува горива, и тоа со непроверен квалитет, што довело и до намалување на продажбата, а и на извозот. Сметаат дека тоа е случај поради непостоење државна лабораторија, која би го проверувала квалитетот на горивата.

„Многу лесно се доаѓа до лиценца за увоз на деривати, а бидејќи нема каде да се провери нивниот квалитет, тие се поевтини и ги истиснуваат нашите производи. Нема шанса горива адекватни на квалитетот на нашите да имаат пониска цена“ велат извори за весникот.

Според нив, и неодамнешната посета на претседателот на бордот на директори и на главниот извршен директот на „Хеленик петролеум“ на Македонија била токму со цел да се оствари средба со претставници на Владата и да се договорат некои работи во релациите со извршната власт, која е незадоволна со тоа што „Окта“ не работеше речиси осум месеци, што се одрази негативно врз индустриското производство и врз извозот на земјата.

Би можело да ве интересира

Пуцко Петрол на Исмаил Јахоски од ДУИ повторно купи акции во ОКТА, сега има удел од 11 отсто

Орце Костов

ОКТА со растечки тренд на домашниот и странскиот пазар

А1он

ОКТА со донација од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем

Ана Ололовска

Левица: Штетниот договор со ОКТА заврши и ниту еден функционер не понесе одговорност

Ана Ололовска

ОКТА ќе додели десет целосни стипендии на постдипломци од УКИМ

Ана Ололовска

Земјоделски култури ќе го чистат нафтениот талог од отпадот на Рафинерија

Ана Ололовска