ОКТА со растечки тренд на домашниот и странскиот пазар

Од:

Финансиските резултати на ОКТА за деветте месеци од годинава продолжуваат да се подобруваат во споредба со истиот период минатата година. Продажбите на компанијата продолжуваат со растечки тренд на домашниот и на странскиот пазар, додека иницијативите поврзани со ефикасноста на индиректните трошоци продолжуваат да даваат резултати, информираат од компанијата.

Посочуваат дека целта на компанијата во претстојниот период е да остане лидер на пазарот, нудејќи им производи со висок квалитет на клиентите на пазарите на кои работи, во исто време поттикнувајќи дополнителна оптимизација на трошоците и оперативни подобрувања. За менаџментот на ОКТА приоритет остануваат здравјето и безбедноста на вработените и клиентите, непрекинатото снабдување на државата со нафтени деривати, внимателното следење на развојот на настаните на домашниот и на странските пазари, како и искористувањето на сите можности кои ќе излезат во пресрет.

-Достигнувањата се тесно поврзани со намалените ефекти од кризата со КОВИД 19, со приближување на крајот на годината. Во изминатиот период, земјата и нафтениот сектор, покажаа напредок во закрепнувањето од неповолните ефекти од епидемијата со КОВИД 19; што беше поддржано од летната и рано есенската туристичка сезона, кои придонесоа за зголемување на сообраќајот и прекуграничните движења, посочуваат од компанијата.

ОКТА, додаваат, продолжува да биде главен снабдувач на гориво во земјата и регионот, придонесувајќи во голема мера кон закрепнувањето на економијата и на нафтениот сектор, притоа почитувајќи ги строгите здравствени и безбедносни стандарди и, во исто време, осигурувајќи услугата кон потрошувачите да се одвива непречено.

-Закрепнувањето на меѓународните цени на нафтата во текот на уште еден квартал од годината, имаше позитивно влијание врз вреднувањето на залихите, со што ЕБИТДА достигна 618 милиони денари за деветте месеци од 2021 година, значително надминувајќи ги 281 милион денари оствари истиот период минатата година. Од друга страна, во третиот квартал од 2021 достигна 225 милиони денари, малку заостанувајќи зад 373 милиони денари кои беа остварени во третиот квартал од 2020 година, каде значаен придонес имаа продажбите кон Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, нагласуваат од компанијата.

Прецизираат дека приходите од продажба за деветте месеци од 2021 година изнесуваат 17.408 милиони денари, надминувајќи ги 11.472 милиони денари од истиот период минатата година. Бруто-маржата, движејќи се со исто темпо, во деветте месеци од оваа година достигна 850 милиони денари, надминувајќи ги 534 милиони денари од истиот период претходната година, позитивно поддржана од континуираниот раст на меѓународните цени на горивата.

-Добивката пред оданочување генерираше 471 милион денари на кумулативна основа, што значително ги надмина 79 милиони денари од истиот период минатата година, како резултат на растечкиот трендот на меѓународните цени на горивата, што доведе до позитивен ефект на залихите од 301,5 милиони денари, како и постигнување на зголемена оперативна ефикасност. Добивката пред оданочување во текот на третиот квартал од 2021 година генерираше 170 милиони денари, што заостанува зад остварените 306 милиони денари во истиот период минатата година, поттикната од претходно споменатите продажби кон Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. ОКТА успеа да одржи соодветна ликвидност што на компанијата ѝ дава можност да се справи со какви било последици кои би произлегле од КОВИД-19 кризата, во период на враќање кон вообичаениот начин на работа, потенцираат од компанијата.

Во текот на овој квартал, како што посочуваат, ОКТА реализираше низа активности со цел поддршка на заедницата и маргинализираните категории на граѓани во општеството.

Би можело да ве интересира

Пуцко Петрол на Исмаил Јахоски од ДУИ повторно купи акции во ОКТА, сега има удел од 11 отсто

Орце Костов

ОКТА со донација од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем

Ана Ололовска

Левица: Штетниот договор со ОКТА заврши и ниту еден функционер не понесе одговорност

Ана Ололовска

ОКТА ќе додели десет целосни стипендии на постдипломци од УКИМ

Ана Ололовска

Земјоделски култури ќе го чистат нафтениот талог од отпадот на Рафинерија

Ана Ололовска

ОКТА ќе стипендира 10 студенти на УКИМ

Ана Ололовска