Охридска банка Сосиете Женерал воведе промотивни услови за производите од своето кредитно портфолио овозможувајќи им на клиентите да добијат станбен или кеш кредит со кредитно животно осигурување по исклучително конкурентни каматни стапки и услови на користење и без административен трошок за одобрување на кредитот.
Со најновата понуда за станбен кредит со кредитно животно осигурување на Охридска банка Сосиете Женерал, клиентите добиваат фиксна каматна стапка од 4,60% за првите пет години, а притоа се ослободени од административниот трошок за одобрување на кредитот и од трошокот за процена на имотот.
Клиентите кои ќе аплицираат за станбен кредит со кредитно животно осигурување ја добиваат можноста да изберат меѓу: основниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,44% осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа, и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,85% годишна осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и на болест, како и ризикот од трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа. Целосниот пакет, покрај апликантите за станбен кредит, е достапен и за сите други кредитокорисници.
Освен конкурентната понуда за станбен кредит, Охридска банка Сосиете Женерал промотивно нуди и Кеш Експрес кредит со кредитно животно осигурување, со фиксна каматна стапка од 5,90% за првата година и без административен трошок за одобрување на кредитот.
Сите клиенти што ќе ги препознаат придобивките на новата промотивна понуда на Охридска банка Сосиете Женерал можат да аплицираат најдоцна до 10 јули 2016 година.
За Охридска банка Сосиете Женерал:
Охридска банка Сосиете Женерал (ОБСГ) е универзална банкарска институција што на македонскиот пазар е рангирана на четвртото место. Од 2007 година, ОБСГ е дел од една од најголемите финансиски институции во светот – Групацијата Сосиете Женерал. Со над 148.000 вработени, во повеќе од 76 земји, Сосиете Женерал е на страната на 30 милиони клиенти низ светот, повеќе од 150 години. Охридска банка дејствува во согласност со високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги притоа четирите вредности на Групацијата: тимскиот дух, иновативноста, одговорноста и посветеноста. Основната стратегија на ОБСГ е постојано унапредување на квалитетот на извршување на банкарските услуги и целосна посветеност кон задоволување на потребите на клиентите. Охридска банка Сосиете Женерал е прогласена за најдобра банка од Македонијa за 2015 година на пазарите во развој во Централна и Источна Европа од страна на светски познатиот магазин „Глобал фајнанс“.
*Каматната стапка за станбен кредит со кредитно животно осигурување е фиксна за првите 5 години, а СВТ изнесува од 5,16%. По изминување на првите пет години, каматната стапка е променлива по одлука на Банката, и во моментов изнесува од 5,95%, а СВТ изнесува од 6,59%. Каматните стапки се различни за различни групи клиенти. За повеќе информации обратете се до експозитурите на Охридска банка. Информациите во врска со покриените ризици за кредитно животно осигурување се содржани во Општите услови на Мастер-полисата 0001. Условите се валидни од 11.4. до 10.7.2016 г.
**СВТ за првата година изнесува од 7,02%, а за останатиот период од 9,17%, пресметано на 6.4.2016 г. за кеш кредит со кредитно животно осигурување со највисок износ од 900.000 МКД и со најдолг рок на отплата од 95 месеци. Трошоци: зa меница – 500 МКД , за апликација – 200 МКД , за одржување трансакциска сметка – 23 МКД месечно. Месечната рата за првата година изнесува 12.280 МКД, а за останатиот период 13.084 МКД. Вкупниот износ што го плаќа потрошувачот изнесува 1.233.955 МКД. Каматната стапка е фиксна за првата година и изнесува од 5,90%. Во останатиот период е променлива, по одлука на Банката, а моментално изнесува од 7,95%. Каматните стапки и административниот трошок се различни за различни групи клиенти. За повеќе информации обратете се до експозитурите на Охридска банка. Информациите во врска со покриените ризици за кредитно животно осигурување се содржани во Општите услови на Мастер-полисата 0001. Условите се валидни од 11.4.2016 г. до 10.7.2016 г.