Охрид од денеска авионски директно се поврзува и со Милано

Од:

Покрај авионската линија со шведскиот град Малме, од денеска нискобуџетната авиокомпанијата „Визер“ од охридскиот аеродром почнува да оперира и со редовна линија кон италијанскиот град Милано (Малпенса). Летовите од и кон Милано до 30 март ќе се реализираат секој вторник и сабота, додека од 1 април во понеделник и во петок.

Со додавањето на Малме и Милано како нови дестинации, авиокомпанијата „Визер“ сега од аеродромот „Св. Апостол Павле“ оперира на пет редовни линии и тоа за Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано. Охридскиот аеродром сезонски е поврзан со уште осум дестинации и тоа со Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, што ги реализираат 11 авиокомпании.

Согласно договорот потпишан со владата, авиокомпанијата „Визер“ е обврзана од јули оваа година да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.

Вршителот на должноста градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, смета дека новите линии кон Малме и Милано ќе бидат од големо значење за населението од регионот, а практиката на воведување нови авионски линии кон охридскиот аеродром е во корелација со заложбите на локалната власт за дополнителен развој на туризмот и промоција на Охрид пред новите потенцијални туристички пазари.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра