Оглас за бесплатна ИТ обука за 220 лица

Од:

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) денеска распиша оглас за бесплатна ИТ обука на 220 лица, од кои 110 за јава програмирање, а 110 за софтверско тестирање. Ќе добијат сертификати со кои полесно би дошле до вработување во ИКТ фирми каде има дефицит од таков кадар.

На огласот можат да се пријават невработени лица до 29 години со почетни познавања за програмирање. Треба да поминат пред тестирање за да бидат вклучени во обуката што за едно лица чини 1.550 евра. За оваа мерка се обезбедени 18.450.000 денари (295.000 евра) од третиот грант на АВРМ „Поддршка за вработување млади лица до 29 годишна возраст“, финансиран од Европската унија.

– Се надевам дека до крајот на годинава сите 220 лица ќе земат сертификати и ќе се обидеме да ги понудиме на дел од компаниите кои отворија претставништва и работни места во Македонија и оние кои веќе постојат и имаат потреба од вакви лица, рече на прес-конференција Влатко Поповски, директор на АВРМ.

Според министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, пазарот на труд во Македонија има огромна апсорциска моќ за ИТ кадар. Секој трет ден годинава, потенцира, се отвора програмерска фирма. Од почетокот на годинава се отворени 67 нови компании од ИКТ, од кои 40 во дејностите програмирање, обработка на податоци и интернет портали. Од тие причини, укажа министерката, неопходен е координиран пристап од сите институции, односно покрај универзитетите кои произведуваат дипломирани професионалци, мора да се работи и на преквалификација.

Преку проектите на АВРМ и со помош од европските фондови досега за ИТ областа се преквалификувани над 800 лица без формално ИТ образование, а во фаза на преквалификација се 200. Петстотини се веќе редовно вработени, а за другите се смета дека се ангажирани со авторски и договори на дело.

Клучните дејности за преквалификациите се утврдени во консултации со бизнис секторот. Најновото истражување на АВРМ, како што нагласи Поповски, покажува дека програмерите, инжинерите за одржување софтвер и лицата за одржување софтверски апликации се на првите три места од 15-те најбарани професии на пазарот на труд во државава.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он