Одделот за работа со хартии од вредност на „Охридска банка“ престанува со работа

Од:

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 73-тата седница трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид – Оддел за работа со хартии од вредност.

Одземањето на дозволата за работа, посочуваат од КХВ, е поради донесена Одлука на Управниот и на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Охрид со која Одделот за работа со хартии од вредност престанува да врши услуги со хартии од вредност.

– Охридска банка АД Охрид трајно е исклучена од членство во Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со згаснувањето на овој учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност функционираат вкупно 11 брокерски куќи и 5 овластени банки за работа со хартии од вредност, соопшти КХВ.

Комисијата за хартии од вредност при контрола на работењето на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје утврди непочитување на Законот за хартии од вредност и на Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози.

– Брокерската куќа внесувала налози во системот за тргување без тие претходно да бидат запишани во книгата на налози што ја води Еуро Брокер АД Скопје. За сторената неправилност, на брокерската куќа и на нејзиниот директор, КХВ им изрече јавна опомена и истовремено, ги задолжи во рок од 30 дена да ја отстранат истата, посочува КХВ.

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ