Одбележан Денот на одгледувачи на овци

Од:

Освен субвенции од државата, потребна е и поголема иницијатива кај приватниот сектор за одгледување овци зашто овој сектор е еден од најперспективните во Македонија.

Ова е оценката на овчарските стопанства чии претставници денеска во Маврово учествуваа на 8. Регионална манифестација „Ден на одгледувачите на овци Маврово – Ростуше“ што се одржа под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Субвенциите за овчарството и воопшто, за сите други мерки, не доцнат и се исплаќаат во законски утврднеиот рок. Не можеме да го гарантираме стабилниот откуп на јагнето, но со различни активности придонесуваме за развој на овчарството, рече ресорниот заменик министер Зоран Коњановски.

На барање на производителите, нагласи Коњановски, донесени се неколку конкретни мерки, укинат е скалестиот принцип на давање субвенции и е обезбедена поддршка за секое женско јагне.

Сточарите посочуваат дека и покрај субвенциите, бројот на овците во Македонија во однос на изминатите децении е значително намален, од 2 милона на 500.000. Но, велат, може да се зголеми, ако се интервенира во откупот на јагнешкото месо и во цената на храната за ситниот добиток.

Во рамки на манифестацијата се одржаа натпревари во молзење и стрижење овци, беше демонстрирано машинско молзење, а имаше и изложба на расата македонски овчарски пес „шарпланинец“. Ден на одгледувачите на овци беше збогатен и со културно-уметничка програма.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар