Од 2. мај директен лет Скопје-Рим на „Алиталија“

Од:

Нова директна линија на релацијата Скопје и Рим (аеродром Фјумичино)ќе воведе од 2. мај авиокомпанијата „Алиталиа“.

Летовите  ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авиони Ембраер Е-175. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни летови Рим – Скопје – Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање.

Од 1. јуни од Скопје авионите на „Алиталиа“ ќе полетуваат во 05:30 часот со пристигање на Фјумичино, Рим, во 07:20 часот (во понеделник, вторник, петок и сабота), како и во 17:05 со пристигање во Рим во 18:55 (во вторник, среда и сабота).

Летовите од Рим ќе бидат во 21:30 часот со пристигање во Скопје во 23:20 часот (во понеделник, четврток, петок и недела) и во 14:35 часот со пристигање во Скопје во 16:25 часот (во вторник, среда и сабота).

– Со ова ново директно поврзување за Рим, Алиталиа има цел да се зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, која е резултат  на зголемената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји, соопшти денеска претставништвото на „Алиталиа“ од Белград.

„Алиталиа“ го назначи ВАС Тур Оператор ДОО Скопје, како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.

Би можело да ве интересира

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците