Oбука за сертифицирање органски производи во Кратово

Од:

Во Кратово денеска продолжува обуката за сертифицирање органски производи, која е дел од серијата обуки „Нова генерација органски фармери“ за премин од традиционално кон сертифицирано органско производство на храна, во рамки на проектот „Произведувај органски – пакувај еколошки“.

Проектот го имплементира здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка заедно со здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Бугарија, со средства од ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

– Ова е втора дводневна тренинг-обука. Во првиот дел беше разработен концептот на органско призводство и органско сточарство, пчеларство и аквакултура. Како продолжение, вчера и денес разработивме аспекти на сертифицирање на органската храна, а предавачи се експерти од Факултетите за земјоделие и храна од Скопје
и Софија, информира Андирана Ивановска-Давитковска, проект-менаџер од „ЕГРИ“, Крива Паланка.

Учесници на тренинзите се земјоделски производители од двете страни на границата, од Севериоисточен плански регион, Македонија и Ќустендилска област, Бугарија.

До крајот на серијата ќе се спроведе уште една дводневна сесија, по што ќе следува студиска посета на успешни органски фарми во регионот.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

А1он

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за крајната небрежност на институциите во кратовскиот случај