Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за крајната небрежност на институциите во кратовскиот случај

Од:

По објавеното сведоштво за непостапување на институциите при спасување човечки живот на непристапен терен, Хелсиншкиот комитет за човекови права се обратил до општината Кратово и до Дирекцијата за спасување и заштита, со барање за информации за тоа кои дејствија ги презеле откако биле известени за несреќниот настан информираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Комитетот испратил и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за локална самоуправа, поради тоа што како што велат општината не ги преземала сите дејствија за кои е надлежна согласно Законот за заштита и спасување.

Од комитетот потсетуваат и дека доколку контактираните институции навистина немале можност сами да спроведат акција за спасување на лицето, градоначалникот имал обврска да побара ангажирање на републичките сили за заштита и спасување, како што одредува членот 35 од овој закон.

„Хелсиншкиот комитет инсистира на брзо расчистување на овој случај и бара одговорност од сите надлежни поединци и институции, кои не реагирале во една ваква животозагрозувачка ситуација. Ваквиот неетички и противзаконски однос, манифестира екстремна небрежност и кон лицето во тешка здравствена состојба, но и кон здравствените работници и другите лица кои учествувале во неговото спасување“ – се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Владата и Државната изборна комисија сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас

А1он

Хелсиншкиот комитет: Неодговорноста на надлежните ја минира инклузијата на децата со попреченост

Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

А1он

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’