Објавени критериумите за избор на производител на автентично домашно слатко

Од:

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и Скопје Дизајн вик, во соработка со Македонската Асоцијација на Преработувачи (МАП) денеска ги објавија критериумите за домашните производители кои ќе можат да учествуваат во проектот за брендирање на македонското слатко.

Проектот предвидува избор на една компанија од Република Македонија – производител на слатко за која млади дизајнери од земјава ќе изготват идеен проект за брендирање на производ или серија производи кои компанијата ги има во својот асортиман или планира да ги лансира на пазарот.

За учество во овој проект компаниите треба да имаат седиште, производство и пласман во Република Македонија, да се компанија со доминантен домашен капитал, во својот производствен асортиман да имаат производ – слатко за чие производство користат суровина – овошје од претежно домашно производство и да бидат подготвени да ги имплементираат идејните решенија за новиот бренд со тоа што производот или серијата производи ќе ги направат достапни за потрошувачите преку домашната малопродажна мрежа, како и можност за извоз на странските пазари.

Сите заинтересирани компании може да се пријават до 1 јули 2014 на интернет страната www.bravosine.mkwww.sdw.mk.

Откако ќе биде избран производителот на слатко, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и Скопје Дизајн Вик на почетокот на јули годинава ќе биде објавен и отворен повик за млади дизајнери кои треба да изработат идејни решенија за брендирање на автентично „Слатко од Македонија“.

Целта на проектот е поттикнување на креативниот потенцијал на младите во функција на економскиот развој на земјата, преку брендирање на автентични национални производи.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници