Објавен повик за барања за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека денеска е објавен Јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2014 година за Мерка 2 Финансиска поддршка во аквакултурата.

Јавниот повик се однесува за финансиска поддршка за порибителен материјал од домашно производство за чување матици и набавка на порибителен материјал од видовите охридска, речна и виножитна пастрмка, поточна златовчица, крап, амур, толстолобик и сом, за произведена и продадена риба на пазарот за произведена риба во 2013 годиина и продадена најдоцна до 31 ноември 2014 година.

Финансиската поддршка се исплаќа во висина од 600,00 денари по матица за не повеќе од 700 броја селектирани и обележани полово зрели матици по одделен вид риба за видовите охридска, речна и виножитна пастрмка и поточна златовчица, за не повеќе од 300 броја од видот крап и за не повќе од 50 броја од видовите амур, сом и толстолобик. За купен подмладок финансиската поддршка се исплаќа по принцип 40 проценти од просечната пазарна цена на набавениот подмладок.

Некои од средствата се исплаќаат скалесто и тоа за произведена риба во рибник со проектиран капацитет до 25 000 килограми – 100 проценти од 20,00 денари, за произведена риба во рибник со проектиран капацитет од 25 000 до 50 000 килограми – 75 проценти од 20,00 денари, за произведена риба во рибник со проектиран капацитет од 50 000 до 100 000 килограми – 50 проценти од 20,00 денари и за произведена риба во рибник со проектиран капацитет со над 100 000 килограми производство 25 проценти од 20,00 денари.

Висината на вредноста на поддршката за килограм произведена и продадена риба од автохтоните видови риба – речна пастрмка и охридска пастрмка ќе изнесува 20,00 денари по килограм, а за видовите виножитна пастрмка, поточна златовчица, крап амур, сом и толстолобик 10,00 денари по килограм.

Крајниот рок за доставување на барањата за користење на средства и барањата за исплата 10.11.2014 година.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Русија ќе и забрани риболов на Британија во Баренцовото Море

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади