Објавен огласот за грант за отворање сопствен бизнис

Од:

Нови 400 невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија од денеска ќе можат да аплицираат на огласот за грант вреден 3.000 евра, неповратни средства што ги доделува државата за отворање сопствен бизнис.

Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, ова е одлична можност невработените лица кои имаат бизнис идеја да добијат поддршка и да се самовработат, да развијат сопствен бизнис.

Покрај грантот од 3.000 евра во форма на опрема и репроматеријали, учесниците во програмата за самовработување добиваат и низа други придобивки кои треба да им помогнат да станат успешни претприемачи, како што е обука за претприемништво, ескпертска поддршка за развивање на својата бизнис идеја во одржлив бизнис план и советодавна поддршка при регистрацијата на бизнисот.

Оваа година најдобро оценетите 50 бизнис планови ќе имаат можност да добијат грант со дополнителни 1.500 евра за едно дополнително вработување во новоформираната фирма.

Ова е втор циклус од програмата за вработување. Со првиот циклус, кој започна во јануари годинава, грант треба да добијат 500 невработени кои крајот на јуни би требало да ги основаат своите фирми.

Со отворањето на дополнителните 400 фирми од овој втор циклус ќе се заокружи планираниот број на вкупно 900 бизниси кои ќе бидат отворени од невработени лица со помош од државата.

Во изминатите седум години од 2007 до 2013 вкупно 5.835 граѓани го започнале својот бизнис, 75 проценти од нив се одржливи и успешно функционираат, а многумина веќе отвориле дополнително вработување за членови од нивните семејства или други невработени лица.

Досега над 21.000 невработени лица аплицирале во програмата, а над 7.000 кандидати завршиле обука за претприемништво и бизнис планирање со што се стекнале со основни знаења и вештини од областа на менаџментот, финансии, маркетинг, продажба и деловно планирање.

Во изминатите седум години за оваа програма Владата има вложено околу 18,5 милиони евра, а со оперативниот план за годинава дополнително се обезбедени околу 3,3 милиони евра средства од Буџетот.

Огласите за оваа програма и условите предвидени во нив заинтересираните можат да ги најдат на веб страниците на АВРМ www.avrm.gov.mk, на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk и на инфо страницатаwww.samovrabotuvawe.mk .

Директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски најави дополнителен оглас за дополнителни вработувања во веќе постоечки микро и мали претпријатија во вид на помош од 1.500 евра неповратни средства, за опрема или репроматеријали.

Програмата е оформена во 2010 година како помош на „старт ап“ бизнисите отворени преку Програмата за самовработување. Во текот на 2012 и 2013 таа била проширена и на другите микро и мали претпријатија. Досега учествувале 224 фирми, а за околу 327 лица биле искористени средства. Од 2010 до 2013 година вкупно 30 милиони денари се одвоени за оваа програма.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он