Објавен конкурс за програмата за стимулирање бизнис на Телеком Словенија

Од:

Телеком Словеније објавува нов, втор повик за апликации во „ТSstartup business accelerator“ програма за стимулирање на бизниси. По успешна имплементација на првата генерација проекти од оваа програма, Телеком Словеније сега нуди можност за соработка со развојните програмери дома и во странство.

Сите компании, тимови и програмери – поединци кои работат на развивање интернет, мобилни и телекомуникациски услуги и бараат можност успешно да ја презентираат нивната идеја или решение можат да се пријават на вториот конкурс најдоцна до 8 март 2013 година преку интернет порталот www.tsstartup.si. Aпликациите ќе ги избере стручна комисија, а избраните тимови ќе ја почнат порограмата на 18 март 2013 година. Оние што ќе бидат избрани за учество во програмата ќе се натпреваруваат за парична награда во вкупен износ од 30.000 евра.

Телеком Словеније ја претстави оваа програма минатата година во септември кога го објави првиот повик. Во првото коло се привија вкупно 78 тимови, а комисијата на конкурсот одбра 11 тима. По 4 месеци интензивна работа, единаесетте финалисти ги презентираа своите проекти, а првата награда ја поделија два тима кои развија апликација за пренесување на фотографии помеѓу паметни телефони и компјутери и апликација Пеекстер, која функционира како врска помеѓу печатените медиуми и интернет содржината.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, мораме да го заштитиме стандардот на граѓаните

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

A1on

Кој ќе добива надомест од 6.000 евра во Телеком? Советник на Царина го менува Китанов во одборот на директори

A1on