Обединети пензионери: Зголемувањето на пензиите е владина манипулација

Од:

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), го осудува безобѕирното манипулирање на Владата со пензионерите, со најавата за божемно „зголемување“ на пензиите за 5 проценти , се вели во партиското соопштение.

„Владата на Република Македонија, без трошка совест, го воведе терминот „зголемување на пензиите“, само во функција на сопствен маркетинг, а го суспендира член 37 од Законот за ПИО, со кој се регулира редовното усогласување на пензиите. Вторпат, сака пензионерите „да ги преведе жедни преку вода“, во што, на општо изненадување – од само ним познати причини, добива поданичка подршка, од Сојузот на здруженијата на пензионерите (СЗПМ)“, се вели понатаму во соопштението.

Обединетите пензионери потсетуваат дека до 2013 година пензиите редовно се усогласуваа двапати годишно. Ова изборено право од пензионерите, беше во функција на подобрување на соодносот на просечната пензија во однос на просечната плата. Затоа ги повикуваат сите пензионери да им се придружат во борбата за зачувување и за подобрување на веќе стекнатите пензионерски права и истовремено заедно да се изборат да престане манипулацијата и „распродажбата“ на нивните гласови.

„Владата и раководството на СЗПМ, наместо што манипулират со терминот „зголемување“ на пензиите на солидарна основа, нека одговорат зошто е суспендирано усогласувањето, колку просечно на годишно ниво би изнесувало редовното усогласување на пензиите, зошто во ФПИОМ нема доволно пари, дали пензиите се социјални примања, каков е соодносот на просечната пензија и плата и како тие, како „демократи и лидери со претприемачки дух“, на мала врата во Македонија ја вратија урамниловката од времето на комунизмот“, стои во соопштенмието на ПОПГМ.

Пензионерите самите си ги заработиле пензиите со финансирање на Фондот за ПИО. Секоја влада има обврска да ги гарантира и да ги исплаќа пензиите, во спротивно ќе се соочи со гневот на многубројните пензионери во Република Македонија, предупредуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски