НРМБ: Растот на БДП годинава ќе биде 0,5 отсто, следната 3,2 отсто

Од:

НБРМ ја ревидираше проекцијата на раст на БДП за оваа година на 0,5 проценти, од проектираниот раст во април од 2,5 проценти. НБРМ ја задржува претходната проекција за раст за наредната година и 2019 година од 3,2 проценти и 3,5 проценти.

– Имајќи ги предвид остварувањата во првата половина од годината направивме надолна корекција на растот за оваа година, а ја задржавме онаа за следните две години, рече на денешната прес-конференција гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Додаде дека по негативниот раст во првата половина и информациите за третиот квартал кои укажуваат на негативни трендови во индустријата и градежништвото, се очекува силната активност во четвриот квартал да се извлече раст од 0,5 проценти.

– Ризиците за остварување на најновото макроекономско сценарио се намалени во однос на априлскиот циклус проекции. Клучно е стабилизирањето на политичкиот амбиент, продолжувањето на странските инвестиции, зголемување на извозот и на довербата на приватниот сектор и на побарувачката, рече Богов.

НБРМ, како што посочи, при правењето на проекцијата ги има земено предвид податоците од Фискалната стратегија објавена од минатата година, бидејќи тоа биле единствени достапни информации од Министерството за финансии и нагласи дека доколку тие се променат тоа ќе има промени и врз проекциите на НБРМ. Потенцира дека сепак соработката со оваа инститиуција е одлична.

Носечки фактори за растот во 2017 година се извозот и личната потрошувачка, во услови на постапано закрепнување на инвестициската активност. На среден рок се очекува најголем придонес кон растот и натаму да има домашната побарувачка, со исклучок на 2017 година, кога најголем придонес има нето извозот.

НБРМ ја проектира инфлацијата на 1,3 проценти во 2017 година и на околу два процента во 2018 и 2019 година.

Кај депозитите и кредитите се очекува послаб раст и тој да изнесува 3,6 проценти наспроти априлската проекција од 4,2 кај депозитите и 4,6 проценти наспроти проекцијата од април од 5,2 проценти кај кредитниот раст. Банкарскиот сектор според гувернерот, останува стабилен, ликвиден и високо капитализиран.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите