Новиот трошок за струја, „пристап до мрежа“ наменет за иселеници и граѓани со викендици

Од:

Воведувањето на пристап кон мрежа кое Регулаторната комисија го најави пред неколку дена е нов модел кој нема да биде нов трошок за граѓаните, ниту дополнителен приход за компаниите како ЕВН, МЕПСО и Електродистрибуција, велат од РКЕ.

– Со воведувањето на пристапот кон мрежа, тоа нема да биде нов трошок.Ние регулираме максимален редовен приход. Парите кои ќе се соберат од пристап до мрежа нема да бидат зголемување на вкупните приходи, тие нема да бидат дополнителни приходи односно ќе бидат во рамките на одобрениот приход.

Воведувањето на пристапот кон мрежа ќе значи намалување на цената за мрежарина односно дистрибуција за електрична енергија. Ќе нема ниту денар повеќе од приходот кој го пресметува РКЕ да им се даде на тие компании. Нема да биде екстра давачка – рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Една од причините за оваа реформа е изградбата на фотоволтаици, односно да се заштитат оние граѓани кои немаат средства стават панели на своите кровови. Но, најмногу за оние граѓани што имаат викендици, напуштени куќи и за иселеници од странство кои не доаѓаат со години во Македонија.

– Потрошувачите со оваа мерка се заштитени и им се намалува трошокот за мрежарина. Има голем број домаќинства кои трошат минимална енергија или еднаква на 0, какви што се викендиците. Редовните потрошувачи досега ги покриваа трошоците за одржување на мрежата на сите останати и на оние кои воопшто не вклучиле струја во објектот. Иселениците, оние сопственици на напуштени куќи, ќе плаќаат повеќе, а на оние што се грејат на струја ќе им се намали мрежарината. Исто е и кај потрошувачката кај блоковите, некој ќе троши само во евтина тарифа, а трошокот за дистрибуција ќе му биде голем – додаде професор д-р Рубин Талевски.

Бислимоски им порача на граѓаните дека парите од овој надоместок ќе доведат до намалување на цената за дистрибуција на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов