Нови правила за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во дистрибутивниот систем

Од:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ги разгледа правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во дистрибутивниот систем во сопственост на ЕВН-електродистрибуција со кои се предвидува да се оптимизира постапката за набавка на електрична енергија за загубите.

– ЕВН ќе има право да купува електрична енергија на таканаречените пазари „ден однапред“ и „во текот на денот“ во регионот, а верувамево скоро време и на берзата што ќе се формира во Република Македонија, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Тој нагласи дека целта на овие правила да се оптимизираат трошоците за набавка на електрична енергија за загуби, а со тоа да се намали и притисокот врз цената на струјата за крајните потрошувачи.

– Предвидено е со новиот Закон за енергетика и со овие правила доколку ЕВН во реално време набави повеќеколичинина електрична енергија за загуби, да може да ги продаде со што се отвора уште еден чекор за намалување на трошоците за загуби на електрична енергија, рече Бислимовски.

РКЕ денеска разгледуваше и две барања за лиценци за производство на електрична енергија од фотоволтаици.

– Тоа ќе бидат фотоволтаични системи кои нема да користат повластени тарифи и по пазарна цена ќе ја продаваат струјата на слободниот пазар на електрична енергија, информира Бислимовски.

Нагласи дека еден од барателите на лиценца е ОКТА која ќе гради фотоволтаична електрана на покривот на фабриката „Единство“ во Струмица.

– ОКТА има и лиценца за снабдување со електрична енергија. Произведената електрична енергија ќе ја продава на снабдувачот со електрична енергија, а потоа тој ќе ја продава на „Единство“, прецизира Бислимовски.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он