Нови контроли на УЈП и Пазарната инспекција во угостителски објекти низ Полог

Од:

Во акциската контрола што беше спроведена синоќа во 16 објекти низ Полошко (9 во Тетово и 7 во Гостивар) во девет се откриени повеќе неправилности во работењето. Според информациите на СВР Тетово, чии службеници учествувале во акцијата, акцијата е продолжение на вчерашната во која беа контролирани 12 угостителски објекти.

Кај четири од гостиварските угостители, инспекторите на УЈП и Пазарната инспекција констатирале недостатоци и неправилности во финансиското работење и почитувањето на законите. Ним им се изречени глоби во висина од 750 до 3.500 евра, а на еден објект му е изречена забрана за работа. При контролите утврдено е дека два објекти не работеле.

Во Тетово, во пет објекти е констатирано прекршување на законите, по што на правните лица им се изречени глоби во висина од 750 до 5.000 евра. Во еден од локалите биле затекнати и две странски државјанки кои го злоупотребиле престојот во Република Македонија и работеле не пријавено. На шестмина тетовци ќе им се изречени поединечени глоби за пушење во угостителски објект.

Во претходната акциска контрола во десет угостителски објекти низ Полошко, биле откриени повеќе неправилности во работењето.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет