Новартис ја купува француската ААА за 3,9 милијарди долари

Од:

Швајцарската фармацевтска група Новартис планира да го зајакне бизнисот со лекови за рак со купување на француската фирма Адвансд Акселетар Апликајшнес (Advanced Accelerator Applications) (ААА) за 3,9 милијарди долари.

Новартис, еден од најголемите светски производители на лекови, денеска ја објави својата понуда за 100 отсто од акциите на ААА.

AАА е специјализирана за нуклеарна медицина, каде користат радиоактивни супстанции за откривање и лекување болести како што е рак.

Преземањето ќе му даде на Новартис пристап до производот Lutathera, кој Европската унија го одобри во септември за лекување на рак на дигестивниот тракт.

Договорот не само што ќе дозволи Новартис да започне со производство на онколошки производи во блиска иднина, туку исто така ќе дозволи да користи технологии за развој на онкологијата на ААА.

Лани 500 вработени на ААА донесоа приходи од 109 милиони (127 милиони долари).

Новартис, каде работат 121.000 луѓе ширум светот, минатата година оствари приходи од 48,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето