Нова мерка на Народната банка: Се ослободуваат 8 милијарди денари за поттикнување натамошно кредитирање на македонската економија

Од:

На аукција на благајнички записи што денеска треба да се одржи, согласно одлуката на Народната банка донесена во понеделникот, понудата ќе биде за осум милијарди денари помала во споредба со аукцијата спроведена во март. Од Народната банка наведуваат дека ослободените средства во износ од околу 130 милиони евра се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.

–Преземањето на ваквиот чекор од страна на Народната банка следува по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со што се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со што се ослободува дополнителна ликвидност и му се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата, оценуваат од Народната банка.

Според централната банка обезбедувањето дополнителна ликвидност е особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот од пандемијата на ковид-19 и мерките што се преземаат за справување со него.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка