Нов пад на цената на нафтата

Од:

Цените на нафтата паднаа на почетокот на неделава на меѓународните пазари под 74 американски долари, поради загриженоста за побарувачката во услови на ширење на Ковид-19 и промените во законите за увоз во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барелот се намали за 35 центи во споредба со претходното затворање и изнесуваше 73,75 долари. На американскиот пазар таа падна за 44 центи и се тргуваше по 71,63 долари за барел.

Во раната трговија, цените на барелот на двата пазари изгубија повеќе од еден долар.

Бројот на случаи на коронавирус продолжи да расте за време на викендот, а некои земји кои потврдија рекордни дневни стапки на раст и ги проширија рестриктивните мерки кои ја забавија побарувачката на нафта. Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот, исто така, бележи пораст на нови случаи на Ковид-19.

Покрај тоа, мерките на Пекинг за спречување на злоупотреба на увозни квоти, комбинирани со притисок од високите цени на сурова нафта, може да го забават кинескиот раст кој е со најголема стапка во последните две децении.

Силната побарувачка од САД и очекувања за тесно снабдување помогнаа цените на двата пазари да закрепнат по падот од седум проценти минатиот понеделник и минатата недела да ги остварат своите први добивки во последните две до три недели.

Глобалните пазари на нафта се очекува да останат дефицитарни, и покрај одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници да го зголемат производството во остатокот од годината.

ОПЕК на својата веб-страница денес објави дека цената на барел од референтната корпа на нејзините членки во петокот е 73,03 американски долари, што значи дека порасна за 94 центи од претходниот работен ден.

Би можело да ве интересира

Пад на цената на нафтата по појавата на нов сој на коронавирус

А1он

Пекинг разговара за снабдувањето со нафта со земјите производители и со земјите потрошувачи

А1он

Бајден: Резервите на нафта во САД ќе ги намалат цените на горивата

А1он

САД им предлагаат на големите купувачи координирана продажба на нафта од стратешките резерви

А1он

Зголемени цените на нафтата на меѓународните пазари

А1он

БофА предвидува цената на барел нафта да се искачи до 120 долари

Ана Ололовска