Њујорк тајмс: ЕУ пред длабока рецесија поради Ковид-19

Од:

Според најновата проекција на Европската комисија, како резултат на пандемијата, економијата на ЕУ ќе забележи пад од 7,4 проценти оваа година, невработеноста ќе достигне девет проценти, а ќе дојде и до намалување на обемот на инвестициите и нагло зголемување на долговите и дефицитите.

За споредба, со претходната проекција за оваа година се предвидуваше раст од 1,2 проценти, а во најтешката рецесија досега, до која дојде во 2009 година поради светската финансиска криза, економијата на ЕУ забележа пад од 4,5 проценти, посочува Њујорк тајмс.

Весникот наведува дека засега не е можно да се определат вистинските размери на рецесија и оти е можно ситуацијата да биде и полоша од прогнозите.

– Постои вистинска опасност од подлабока и подолготрајна рецесија, истакна шефот на економскиот тим на Еврокомисијата во предговорот на извештајот за економската прогноза за оваа година, кој е објавен денеска.

Според прогнозата, економиите на Италија и Шпанија, членки на ЕУ кои се најтешко погодени од Ковид-19, ќе забележат пад од над девет отсто, додека Грција, која по децении економски потешкотии почна да се опоравува пред појавата на епидемијата, ќе се соочи со најтешки последици – со опаѓање на економската активност за 9,7 отсто и невработеност од дури 19,9 проценти.

Последици ќе има и економскиот лидер на Унијата – Германија, чија економија годинава ќе забележи пад од 6,5 отсто, додека во Франција ќе изнесува 8,5 проценти, наведе Њујорк тајмс.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер