Николовски: Зелена нафта за земјоделците од наредната година

Од:

Зелена поевтина нафта за земјоделската механизација која ќе можат да ја користат земјоделците од наредната година, најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски синоќа од беровското село Смојмирово на промоцијата на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Берово, Звонко Пекевски.

– Направени се законски измени во консултација и со стручни лица и со земјоделски здруженија за да се креира законот за зелена нафта. Вклучени се сите чинители и по изборите ќе влезе во владина процедура и вистинските земјоделци ќе користат поевтина зелена нафта за механизацијата, истана Николовски.

Тој истакна дека почна да се реализира ветувањето за зголемување на процентот исплатен за земјоделците.

– Ќе ги зголемиме субвенциите за 20 отсто по хектар до крајот на мандатот, а веќе направивме измени за 10 отсто зголемување. И за оваа 2017 година ќе има 10 отсто поголеми субвенции за фуражни култури, за овоштарство, лозарство и тоа е потврда дека во 2018 година ќе исплатиме поголем земјоделски буџет и ќе исплатиме повеќе пари на вистинските земјоделци, истакна Николовски.

Николовски потенцираше дека за помалку од три месеци се исплатени над 70 милион евра за субвенции, без да се прават списоци ниту селекции на земјоделците.

– Во еден ден исплативме 25 милиони евра за тутунарите, не по список, туку на сите, девет милиони евра на сите лозари, два милиони евра на 2.300 пчелари. На еден ден ги исплаќавме парите без списоци во разно разни комитети и без да ги делиме земјоделците. Делењето на земјоделците е минато и за нас има само вистински земјоделци и сточари. Над 60 илјади земјоделци за три месеци ги добија своите пари, остануваат уште 3 отсто за исплата и штом завршат контролите наредните денови ќе бидат исплатени, рече Николовски.

Тој порача дека ќе има ревизии на доделените концесии и борбата за враќање на одговорноста, правдата, започнува во Министерството за земјоделство, за да се вратат парите назад кон вистинските земјоделци.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Николоски: Обезбедивме плати за Пошта и за Железници

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот