Николовски: Подготвен е Национален план за поддршка на производството на храна со мерки за зголемено производство на стратешките земјоделски култури

Од:

Преку посебен „Национален план за поддршка на производството на храна“, ќе го зголемување производството на стратешките земјоделски култури, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција.

Министерот Николовски посочи дека е подготвен „Национален план за производство на храна“, којшто содржи мерки чијашто цел е одржливо и зголемено производство на стратешките земјоделски производи односно на поледелските култури и којшто ќе биде доставен до Владата. Планот е подготвен врз основа на детални анализи на Министерството за земјоделство и Министерството за финансии, но и како резултат на повеќе средби со економските и социјалните партнери, земјоделците, Факултетот за земјоделски науки и храна и потсекторската група за жито.

„Со Планот, предвидуваме измена во Програмата за интервентен фонд, односно се зголемува поддршката за набавка на вештачки ѓубрива за пченица на 4.000 денари по хектар, доколку минимум е употребено 200 килограми ѓубриво по хектар. Тоа значи дека државата субвенционира околу 40% од трошоците за набавка на вештачко ѓубриво за површини со пченица“, рече министерот Николовски.

За оваа субвенција може да аплицираат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани површини со пченица и имаат набавено вештачки ѓубриња за прихрана на посевите во период од 01.12.2021 до 31.05.2022 година. Рокот за поднесување на барања е до 15 јуни 2022 година, а се подготвува и модел за исплата на субвенцијата, за да можат земјоделците навреме да извршат прихрана на посевите под пченица.

„Исплатата ќе се врши на неделна основа, за да можат земјоделците веднаш оваа поддршка да ја искористат за навремена прихрана на посевите со пченица. Односно, секоја недела по поднесување на барање предвидено е да се врши исплата. На пример, од понеделник до петок до 12 часот ќе се вршат прибирања на барањата во Подрачните единици на МЗШВ, потоа истиот ден се праќаат до Платежната агенција, таму се обработуваат од понеделник до среда, во четврток се носат во трезор и веќе во петок се исплаќаат„ изјави Николовски.

Дополнително за зголемување на производството и на приносите од пченица, со Планот се предвидени и неколку измени во постоечката Програма за финансиска поддршка во земјоделство. Сите земјоделци коишто ќе остварат минимум 4.000 килограми приноси по хектар пченица, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар.

„Околу 6.000 производители на пченица коишто имаат повеќе од еден хектар површини со пченица, ќе имаат можност да добијат по околу 6.000 денари по хектар дополнителна субвенција доколку имаат принос од 4.000 килограми по хектар. Оваа мерка опфаќа над 22.000 хектари со пченица. На овој начин ги мотивираме земјоделците навремено и со потребните количини да извршат прихрана на посевите, за да остварат зголемено производство на пченица, и со тоа да придонесат кон вкупното зголемување на производство на пченица“, изјави министерот Николовски.

При тоа, Николовски посочи дека ова се само дел од мерките предвидени во подготвениот „Национален план за производство на храна, кој што опфаќа и нови мерки во Интервентен фонд, измени во Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, наменски огласи за доделување на земјоделско земјиште за поледелски култури, предвремено пуштање на системите за наводнување, законски измени, стратегија за производство на храна и важни култури во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски