Николовски од Рим: Потпишана нова петгодишна Програмска рамка со ФАО

Од:

Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, денеска во Рим остварија средба со Генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство на ОН – ФАО, Кју Донгју. Во рамките на посетата, министерот Николовски ја потпиша новата петгодишна Програмска рамка, помеѓу Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) и Република Северна Македонија, за период 2021 – 2025 година.

dobivaj vesti na viber

На средбата министерот Николовски изрази благодарност за одличната и долгорочна соработка со ФАО. Партнерството значително се зголеми откако Република Северна Македонија во 1993 година стана членка на ФАО. Соработката опфаќа широк опсег на области како што се управувањето со земјиштето, развојот на локалната заедница, безбедноста на храната, здравјето на животните, шумарството, адаптацијата и ублажувањето на климатските промени. При соработката, постојано, акцент се става за усогласување на земјоделскиот и руралниот сектор во Северна Македонија со стандардите на Европската Унија и целите за одржлив развој на ОН.

„Со новата петгодишна Програмска рамка која ја потпишавме денеска со ФАО ќе постигнеме две стратешки цели – одржлив и инклузивен економски и социјален развој со фокус на малите земјоделски стопанства и управувањето со климатските активности, природните ресурси и управување со ризици од катастрофи. Ние сме подготвени да ги продолжиме активностите и одличната соработка со ФАО преку која министерството, Владата и граѓаните на нашата држава директно на терен го гледаат бенефитот. Ќе го спомнам само успехот кој го направивме со тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната Програма за консолидација, чекор со кој направивме историско придвижување во спојувањето на парцелите што крајно придонесе за смалување на производствените трошоци и зголемување на приходите на земјоделците. Соработката со ФАО е богата, течат многу заеднички проекти кои се од огромен интерес за нас“ изјави министерот Николовски.

Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021 – 2027 година е основен долгорочен стратешки документ кој ги одразува приоритетите на Северна Македонија во земјоделството и руралниот развој. Три клучни цели содржи Стратегијата кон кои ФАО дава придонес. Првата се однесува за подобрување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор, економската одржливост и приходите на земјоделските стопанства, втората за примена на еколошки практики во производството кои овозможуваат ублажување и прилагодување на климатските промени и третата за обезбедување на одржлив развој на руралните области.

Министерот Николовски истакна дека ќе бидат ставени на располагање сите расположливи ресурси за успешно спроведување на програмата, за што неопходна ќе биде поддршката од ФАО при идентификување на нови финансиски инструменти, фондови и размена на знаење од другите земји – членки, кои имаат слични развојни искуства во секторот за храна и земјоделство.

Би можело да ве интересира

Министерот Николовски паднал од велосипед и скршил рака

ФАО предвидува дека оваа година увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари

А1он

ФАО: Глобалните цени на храната благо паднаа во мај

А1он

ФАО и 14 меѓународни организации предупредуваат дека на истокот од Африка му се заканува голема глад

Ана Ололовска

ФАО: Од Украина досега „исчезнале“ околу 700.000 тони жито, има индиции дека го украле руските сили

А1он

ФАО: Најмалку 25 милиони тони житарки чекаат извоз од Украина

А1он