Николовски: Нови 20 милиони евра поддршка за земјоделците до крајот на годината

Од:

Како министерство и Влада уште еднаш во дело, преку конкретни мерки, докажавме дека сме вистински партнер на земјоделците, обезбедувајќи поддршка повеќе за секој земјоделец. Нови 20 милиони евра дополнителна поддршка се обезбедува за земјоделците до крајот на годината. Ова е одлука која Владата на вчерашната тематска седница за земјоделство ја донесе, усвојувајќи повеќе мерки во интерес на земјоделците, рече членот на ЦО на СДСМ Љупчо Николовски на трибината Повеќе за сите во Кочани.

-До крајот на годината следува реализација на 30% авансна исплата на субвенциите, новост предвидена со новиот модел за субвенционирање. На 40.000 земјоделци ќе бидат исплатени 750 милиони денари, односно 400 милиони денари ќе се исплатат за производителите на полјоделски култури, кај градинарството 70 милиони денари, 130 милиони денари за овоштарите и 150 милиони денари исплата кон лозарите, истакна Николовски во обраќањето.

Тој додаде и дека до крајот на годината следува реализација на исплатата кон млекопроизводителите за премиите по основ на произведено и предадено млеко за фазите од октомври до декември 2022 година, како и за фазите од јануари до април 2023 година, за што во буџетот се обезбедени 257 милиони денари.

„Преку измени во програмата за директни плаќања субвенциите кон лозарите се зголемуваат од 40.000 денари по хектар на 52.000 денари по хектар, а дополнително се креира и нова мерка за поддршка на лозарите за произведено винско грозје предадено во регистрирани капацитети за произвдоство на вино во износ од 1 денар по килограм. За реализација на оваа мерка Владата од буџетот обезбеди дополнителни 62 милиони денари“ исткна Николовски.

Пред присутните граѓани и земјоделци во своето обраќање членот на ЦО и министер за земјоделство, Љупчо Николовски истакна и дека по барање на земјоделците, до 30 декември 2023 година се продолжува рокот за аплицирањето за дополнителните директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади. Упати апел земјоделците да аплицираат и да ја искористат дополнителната поддршка која им се става на располагање.

– Посветено вложуваме во секое едно населено место, градејќи подобри услови за живот на граѓаните. Преку мерките 321, 322 и 323 од програмата за рурален развој на министерството за земјоделство во општина Кочани реализирани се локални капитални инвестиции во вредност од 33,8 милиони денари. Изграден е локалниот пат од село Градче до градот Кочани и улица во село Оризари која се поврзува со градот Кочани во вредност од 15,4 милиони денари. Завршена е изградбата на локални улици во селата Долни Полог, Мојанци, Тркање, Прибачево, Оризари инвестиции во вредност од 6,4 милиони денари. Изграден е локален пат од месноста Крушка до месноста Ајдар, инвестиција во вредност од 10,9 милиони денари. Дополнително преку програмата за рурален развој земјоделците во Кочани се поддржани со мерките за набавка на педигриран добиток, поддршка за млади земјоделци до 20.000 евра, набавка на комбајни за ориз, трактори, а бележиме и реализација на повеќе успешни ИПАРД приказни – рече Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите