Николовски: Неопходни се системски мерки за поддршка на пчеларството

Од:

Министерот за земјоделество Љупчо Николовски денеска присуствуваше на отварањето на дводневниот Саем на мед во Кочани на кој учествуваат триесетина излагачи, производители на мед и пчелни производи од сите краеви на Македонија.

– Оваа манифестација е одлична можност граѓаните да се запознаат со врвните македобнски пчелни производи, а за пчеларите да разменат искуства кои ќе им помогнат во производството. Пчеларството е гранка која има посебен придонес за нашиот земјоделски сектор поради големото билошко значење на медоносните пчелни производи и опрашувањето на фуражните и овошните култури, а од пчеларството произлегуваат и високо квалитегни производи, истакна Николовски.

Познато е и огромното хранливо својство на пчелните производи бидејќи пчелите произведуваат производи кои не можат да се добијат во фармацевтските лаборатории. Затоа, истакна Николовски, плчелните производи имаат и висока вредност и се мошне барани на пазарот.

– Свесни сме дека оваа година поради временските прилики беше исклучително тешка за целиот земјоделски сектор, вклучувајќи ги тука и пчеларите кои претрпеа големи штети поради ниските температури и сушата. Како ресорно министерство сме во постојан контакт со пчеларските здруженија и со Сојузот на пчелари на Македонија со цел да најдеме соодветни мерки за решавање на проблемот, истакна Николовски.

Посочи дека меѓу првите исплати што ги направи МЗШВ беа субвенциите за пчеларите.

– Исплативме над два милиона евра во ист ден субвенции за пчелни семејства, а работиме и на спречување на нелојалната конкуренција која создава дополнителни проблеми на пчеларите, истакна Николовски.

Најави натамошна ефикасна подршка на пчеларството и зголемување на финансиска подршка во земјоделството и програмите за рурален развој.

– Неопходни се системски мерки за посеопфатно искористување на природните потенцијали во полза на пчеларството. Нашите идни политики ќе бидат во насока на развој и унапредување и создавање на конкурентни производи со висока додадена вредност, истакна министерот Николовски.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар