Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски вчеравечер оствари средби со граѓани, членови и поддржувачи на партијата од општина Дебарца. На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања што се од интерес на граѓаните и државата.
Николовски зборуваше за придобивките за сите граѓани од промените и реформските мерки преземени од страна на Владата предводена од СДСМ во досегашниот период. Николовски зборуваше за развојот на економијата, земјоделството, како и процесот во евроинтеграциите за полноправно членство во ЕУ и НАТО.
– Како партија се обврзавме пред граѓаните а како Влада работиме исклучливо во корист на граѓаните и за таа цел спроведуваме реформи што го подобруваат секојдневниот живот. Со неселективната и навремена исплата на субвенциите го подобривме животот на земјоделците, а со воведувањето на зелената нафта и помошта за младите земјоделци го олеснуваме процесот на работа во земјоделството. Обезбедуваме повеќе пари во семејствата и достоинствени земјоделци. Покачувањето на минималната и просечната плата, решавањето на проблемот на стечајните работници, укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината струја, се само дел од низата реформи кои ги враќаат парите кај граѓаните, го подобруваат животот, посочи Николовски додавајќи дека инвестициите во земјоделството и грижата за земјоделците остануваат врвен приоритет на СДСМ.
Највисокото раководство на СДСМ продолжува со секојдневни средби со граѓаните со цел отворено да се разговара и дебатира за најважните прашања кои се од интерес на граѓаните.