Николовски: Го поддржуваме оризопроизводството, доделени првите четири од вкупно 25 комбајни со сецкалици за ориз

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Платежна Агенција, Никица Бачовски, денес ги врачија клучевите за првите четири, од вкупно 25 комбајни со сецкалици за ориз одобрени на последниот јавен повик објавен минатата година, на кои право на учество имаа сите земјоделци кои имаат минимум 1 хектар со ориз.

Вкупната вредност на набавката е 32 милиони денари од кои 17.8 милиони денари е кофинансираната сума, обезбедена од програмата за рурален развој, преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“.

“Со овие инвестиции го поддржуваме оризопроизводството и ги мотивираме земјоделците кои го произведуваат нашето „бело злато“ да продолжат да го зголемуваат производството, а ние продолжуваме со поддршката за набавка на уште нови комбајни. Наскоро ќе биде објавен нов јавен повик за набавка на специјални комбајни за ориз во кој за првпат ќе биде вклучена и поддршка за набавка на мобилни сушари за ориз со што дополнително придонесуваме оризопроизводителите да ја зголемат ефикасноста при собирање и чување на зрното веднаш по жетвата“, изјави министерот Николовски.

Оризопроизводителите со новите комбајни повеќе нема да треба да ги палат остатоците од оризова слама, туку со помош на комбајнот ќе ги собираат и сецкаат. На овој начин влијаеме во заштитата и на животната средина.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да имплементира мерки кои го осовременуваат домашното земјоделство.

Земјоделците добиваат зголемена поддршка и навремени субвенции, се помага со поддршка за зелена нафта, дополнителни 5.722 хекрати слободно земјоделско земјиште за обработка на стратешки култури, меѓу кои и оризот се ставаат на располагање на земјоделците. Преку програмата за рурален развој распишани се пет нови јавни повици, со поддршка за рурална жена, набавка на трактори, силоси, мандри и опрема за тутун. Сега е најважно да го стабилизираме и зголемиме домашното производство, но уште поважно е тоа домашно производство на крајот да заврши во нашите домашни преработувачки капацитети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ

(ВИДЕО) Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата

Горан Наумовски

Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот