Николовски: Договорното производство е најдобро решение за зголемување на домашното производство на храна

Од:

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одржа средба со претставници на земјоделски здруженија и преработувачи на којшто се разговараше за сите аспекти на развој на договорното производството на пченка и сончоглед.

На состанокот беа предложени мерки за развојот на ова производство и начинот на договарање меѓу двете страни за овие две суровини, пченката како важна суровина за производство на добиточна храна и сончогледот како суровина за маслото за јадење.

Министерот Николовски на состанокот посочи дека министерството веќе работи на мерки коишто ќе придонесат за зголемување на површините и приносите на овие две стратешки култури. Мерките ќе бидат насочени кон тоа што им е најважно во моментот на земјоделците, односно во делот на финансиска поддршка за набавка на вештачки ѓубрива.

Придобивките од развојот на овој модел се взаемни, земјоделците добиваат сигурен пласман, откупувачите и преработувачите сигурна домашна суровина.

Поддршката за договорно производство, за земјоделците значи мотив повеќе да ги насеат овие значајни култури. Министерот Николовски посочи дека целта е да се стават сите и земјоделци и преарботувачи во еден систем кој ќе гарантира сигурност на производството, што ќе приодонесе за зголемување на домашното производство на оваа значајни земјоделски култури.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

Се намалува бројот на регистрирани земјоделци

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна