Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Од:

Пратеникот и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, ги демантира наводите на министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски.

Притоа Николовски вели:

-Во нашата држава точно се знае кој каква улога има, вклучително и функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, за која Трипуновски по не знам кој пат покажува дека е недостоен да ја држи. Го упатувам министерот прво да се запознае со постапките и надлежностите на органите во неговиот состав, пред да се расфрла со празни обвинувања кон мене, во обид да направи театар пред јавноста и да ја прикрие безидејноста и неспособноста на владата од која е дел.

Ги повикувам надлежните институции да постапат согласно сите искажани точки од денешната прес-конференција. Мојот министерски мандат е познат како еден од најтранспарентните, што се потврдува со фактот дека под моето раководство МЗШВ беше прогласена за најтранспарентна институција и една од институциите со највисок интегритет. Јас како министер ги имам дадено сите потребни задолженија на службите да работат согласно законите.

Во МЗШВ има повеќе од 11.000 договори за закуп на земјиште, и никој министер не може да знае што се случува со секој поединечен договор, па затоа постојат организациони единици задолжени за управување со тие договори. Доколку се утврди дека одреден субјект неправилно се стекнал со субвенции ги повикувам институциите да започнат постапка за поврат на исплатените средства и да покренат постапка пред надлежните органи како и доколку МЗШВ има утврдено недоследности во почитување на договорни обврски за земјиште, тоа е основ за раскинување на истите и очекувам завршница во тој правец..

Дополнително, очекувам дека во недостатокот на идеи, мерки како и неспособност за реализација на мерките кои ние ги поставивме овие конструкциите и лаги насочени кон мене да продолжат.

Граѓаните не сакаат театри и конструкции. Производителите од вас очекуваат достоинствени цени за нивните земјоделски производи а купувачите очекуваат да ги зауздате трговците и цените на прехранбените производи кои ги рушат сите рекорди.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите