Незири: Старата чаршија во Скопје, еден од приоритетите на Министерството за економија

Од:

Состојбите во Старата скопска чаршија и проектите кои ќе се реализираат во неа беа тема на средбата на министерот за економија Беким Незири со раководството на Здружението на занаетчии „Еснаф“.

Министерот Незири ги увери своите соговорници дека Старата скопска чаршија е и ќе биде еден од топ-приоритетите на Министерството за економија.

– Имаме тесна соработка со занаетчиите, занаетчиските здруженија од чаршијата, како што е здружението „Еснаф” и други. Бевме и секогаш сме отворени за секаква поддршка и помош потребна на занаетчиите, бидејќи моја обврска, и на Министерството за економија, е интензивно да работиме со здруженијата на занаетчии за понатамошно развивање на Старата скопска чаршија, рече министерот Незири, додавајќи дека занаетчиите во него треба да гледат како на свој човек, а на Министерството за економија, како на нивна институција.

Министерот Незири изјави дека занаетите се важен фактор за економскиот  развој и нивната економска активност има голем потенцијал, но за жал, според него, не е доволно искористен. Вети сеопфатна поддршка, субвенции за професионална обука на занаетчии, субвенционирање проекти за поддршка и промоција на занаетчиството, како и финансиска поддршка за организирање форуми, обуки и промотивни активности, саеми, Недела на занаетчиството, и други настани.

Претседателот на Здружението „Еснаф“, Мухедин Брава, потенцира дека здружението работи за заштита на интересите на занаетчиите.

– Нашата цел, додаде, е да придонесеме за понатамошна ревитализација на чаршија како посебен објект со историска, архитектонска и културна вредност. Ние како здружение работиме на афирмација на занаетчиството, помогаме во отворање нови бизниси, со цел зголемување на бројот на посетители на чаршијата”, рече претседателот на Здружението „Еснаф“, Мухедин Брава.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава