Невработеноста во Велика Британија е зголемена на 2,5 милиони луѓе

Од:

Невработеноста во Велика Британија е зголемена во периодот меѓу ноември минатата и јануари оваа година, па сега изнесува нешто над 2,5 милиони луѓе, соопшти денеска државното Биро за статистика.

Зголемувањето на бројот на Британците кои немаат никаква работа ќе го зголеми притисокот врз министерот за финансии Џорџ Озборн, кој во Парламентот во Лондон треба да ја изнесе проекцијата за новиот буџет на државата во период од една година.

Подолго време врз него и Владата, бизнисот, економски експерти и опозициските лабуристи вршат притисок за менување на економската програма и за олеснување на острите мерки за намалување на буџетот и на внатрешниот долг, за сметка на поттикнувачки мерки за развој на економијата.

Статисичките податоци откриваат дека продолжува да расте невработеноста кај младите меѓу 16 и 24 години, која е сосема блиску до еден милон млади без работа. Невработеноста кај младите од оваа возраст сега изнесува 21,2 отсто.

Вкупната невработеност во Велика Британија изнесува 7,9 отсто.

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Британски полицаец две децении силувал и злоставувал жени

Катерина Ѓуровски