Невработеноста во еврозоната достигна 12,1 процент

Од:

Невработеноста во еврозоната забележа раст во мај и достигна 12,1 отсто, јави ДПА.


Уште 67 илјади лица им се придружија на оние кои претходно останаа без работа, со што вкупниот број на невработени според Евростат изнесува 19,2 милиони лица. 


Бројот на лица во еврозоната, кои бараат работа бележи континуиран пораст од средината на 2011 година. Голем број аналитичари веруваат дека оваа бројка и натаму ќе расте поради должничката криза во еврозоната.


Голема загриженост предизвикува невработеноста меѓу младите, поради стравувањата дека се создава една цела „загубена генерација“. Во мај се регистрирани 3,5 милиони лица под 25 години кои немаат работа, со што невработеноста меѓу младите во еврозоната достигна 23,8 отсто, нагласи Евростат.


Највисока стапка на невработеност и натаму има во Грција и Шпанија, додека Австрија и Германија имаат најниски стапки. 


Во ЕУ стапката на невработеност останува 10,9 отсто, а вкупно 26,4 милиони лица во Унијата се без работа.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски