Невработеноста на младите намалена до 35,9 отсто

Од:

За разлика од претходните години, кога невработеноста на младите се движеше околу 50 отсто, во првиот квартал од 2018 година, таа е намалена до 35,9 отсто, што претставува успех, истакна Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика на денешниот регионален форум за вработување на млади лица.

– Подобрување на состојбата во однос на пазарот на трудот во Македонија е резултат не само на одредените активности што се преземаат од страна на одредени инстутиции, тука и на сеопфатната политика што ја презема Владата на Македонија, пред се со креирањето на стратешки документи во кои се инволвирани повеќе институции, како што е новиот акцискиот план за вработување на млади лица, нагласи Фрчковски.

Тој посочи дека во новиот акциски план од 2018 година, се зацртани три основни цели како што се приспособување на потребите на пазарот на трудот со вештините со кои се стекнуваат младите во формалниот систем на образование, јакнење на домашниот приватен сектор за отварање нови работни места и намалување на временскиот период за премин на младите од училиште на работа.

– Над 100.000 млади лица од 15 до 29 година, не се евидентирани како невработени, не се во работен однос и не се во некој процес на обука или образование. Официјалната статистичка база покажа дека во рамките на осумте плански региони, состојбата со нерегистрираните млади лица е најкритична во североисточниот, југозападниот и полошкиот регион, наведе Фрчковски.

Тој информираше дека е изработена шема на гаранција со цел да им помогне на младите лица при вработувањето, што се базира на три столба.

– Првиот столб е рана интервенција, што се однесува на Министерството за образование кое треба да го адаптира образовниот систем со потребите на пазарот на трудот. Вториот столб се теренските активности, кои се препуштени на граѓанскиот сектор, се со цел да ја најдат критичната група и да ја мотивираат да се вклучи во еведенција во центрите за вработување, а со третиот столб се третира дали младите лица од 15 до 29 години го поминале целиот процес на гаранција за млади, објасни Фрчковски.

Тој заклучи дека сериозен проблем претставува тоа што голем дел од младите лица, односно околу 48 отсто, работат непријавени, како и тоа што работат на несоодветни места, при тоа апелирајќи дека, доколку се зголеми бројот на побарувачка на вработени, тие проблеми ќе се решат.

Би можело да ве интересира

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти

Рекорден број Французи дале отказ од работа во потрага по постојана работа

А1он

Намалена невработеноста во Грција

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Хаѕидакис: Невработеноста во Грција падна на 11,9 отсто во февруари и не е прво априлска шега

А1он