Нетфликс објави најниски приходи за последните четири години

Од:

Американската стрим-платформа Нетфликс објави дека во ова тримесечје има најниски приходи од уплата од претплатниците во последниве четири години.

Нетфликс доби 2,2 милиона нови претплатници во ова тримесечје, заклучно со 30 септември. Според претходни проценки на самата компанија и на Волстрит, тој број требаше да достигне 3,4 милиони.

Слабите приходи се предизвикани од зголемената конкуренција, олеснувањето на мерките против пандемијата на коронавирусот и враќањето на спортските настани на телевизиските екрани, коментираат познавачи.

Акциите на Нетфликс паднаа на берзите во вторникот, откако во првото полугодие компанијата беше една од најуспешните за оваа година по големиот прилив на претплатници, поради глобалните мерки против коронавирусот, кои ги принудија луѓето да останат во своите домови. Падот изнесуваше скоро шест отсто, на 494 американски долари по акција.

Нетфликс претходно и ги предупреди инвеститорите дека е можен пад на приходите во втората половина на годината, со очекуваното олеснување на мерките против пандемијата.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

Ким Кардашијан ги брани браќата Менендез

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

Најпознатата измамничка од Нетфликс ќе се натпреварува во „Танц со ѕвездите“

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

Се огласи демначката по која е снимана серијата: „Тој е лажго и психијатриски случај“

Предраг Петровиќ