Непроменети цените на угостителските услуги

Од:

Цените на угостителските услуги во февруари во споредба со јануари годинава останаа на исто ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување за 0,1 процент има во групите „алкохолни пијалаци“ и „безалкохолни пијалаци“.

Цените на угостителските услуги во февруари годинава, во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 0,2 проценти. За толку е евидентирано зголемување и на цените на угостителските услуги во периодот јануари-февруари година, во однос на истиот период лани. Споредено со декември лани цените се непроменети.

Би можело да ве интересира

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто

Горан Наумовски

Зголемени цените на угостителските услуги

За 0,5 отсто поскапеле угостителските услуги во ноември во однос на октомври

Ана Ололовска

Зголемени цените на угостителските услуги во октомври

Ана Ололовска

Бизнисот бара ревидирање на мерките

Ана Ололовска