Не пристигна ниту една понуда на јавниот повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектричните централи на Црна Река – Чебрен и Галиште, констатира Комисијата за избор на најповолен понудувач на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Кајниот рок за тендерот, како што информираат од МЖСПП, истече денеска, а Министерството во согласност со своите надлежности ќе ја информира и Владата на Република Македонија дека нема понуда на јавниот повик.