НБРМ: Вкупните активности на банкарскиот систем со раст од 0,2 проценти во третото тромесечје

Од:

Во третиот квартал од оваа година, во услови на постепено стабилизирање на очекувањата на домашните економски субјекти, вкупните активности на македонскиот банкарски систем продолжија да растат, односно бележат квартален раст од 0,2 проценти, информираат од Народната Банка на Република Македонија и потенцираат дека растот е забавен во однос на претходниот квартал и на истиот период минатата година.

Од НБРМ оценуваат дека сепак и во тртето тромесечје се одржале стабилноста и отпорноста на банкарскиот систем, што се темели пред сѐ на неговата задоволителна ликвидносна позиција и стабилна и висока солвентност, иако сѐ уште се слаби остварувањата кај основните банкарски активности, кредитната и депозитната активност.

„По минималниот раст на депозитната активност кај банките во вториот квартал од 2017 година, растот на депозитите од нефинансиски субјекти во третото тримесечје од годината забрза, но зголемувањето сѐ уште е скромно и изнесува 0,4 проценти. Растот на депозитите произлегува од депозитите на домаќинствата, при натамошно намалување на корпоративните депозити. Склоноста за штедење во домашна валута, којашто беше намалена како последица на домашната политичка криза во 2016 година, бавно се враќа, што се согледува преку скромниот раст на денарските депозити од домаќинствата од 0,2 проценти. Генерално, скромниот раст на активностите на банките ја потврдува важноста на депозитите за нивното финансирање, чиј потенцијален раст многу зависи од случувањата и настапот на банките на депозитниот пазар и одржувањето на довербата кај домашните депоненти“, велат од НБРМ.

Кредитниот раст продолжил и во третиот квартал од 2017 година со 0,3 проценти, но зголемувањето е побавно во споредба со претходниот квартал за 2,2 проценти. Растот на кредитната активност произлегува од денарските кредити на домаќинствата, при намалена кредитна поддршка за корпоративните клиенти.

Од НБРМ велат дека во услови на скромни промени кај кредитната и депозитната активност, во третиот квартал, повеќе дошле до израз промените на некои други ставки од билансите на банките. На страната на актива, забележителен е растот од 14 проценти на краткорочните пласмани кај странски банки, при истовремено намалување на вложувањата во хартии од вредност за -5,3 отсто. Истовремено, во третиот квартал од 2017 година обврските кон матичните субјекти на банките забележале пад за -12,2%, имајќи го предвид очекуваниот привремен карактер на растот на овие обврски остварен во второто тримесечје од годината, за потребите за исплата на дивиденда.

Показателите за материјализација на кредитниот ризик се одржале на стабилно ниво.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите