НБРМ: Раст на индустријата и трговијата, негативни остварувања кај градежната активност

Од:

Активностите во економијата се слични како и во вториот квартал годинава, со раст на индустријата и трговијата и негативни остварувања кај градежништвото, смета Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Македонија.

-По растот на економијата од 1,6 проценти во првата половина на годинава, високофреквентните показатели за економската активност расположливи досега, општо земено, упатуваат на заклучокот дека движењата се слични како во вториот квартал од годината. На ваквиот заклучок посочуваат податоците за растот на индустријата и трговијата, при сè уште негативни остварувања кај градежната активност, соопшти Комитетот по редовната седница.

Комитетот ги потврдил согледувањата дека економските основи се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата, со стабилни инфлациски остварувања и натамошните поволни движења на девизниот пазар. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата и натаму упатува на стабилни очекувања и поволни согледувања. Ризиците за економијата од неизвесното домашно и надворешно окружување, според Комитетот на НБРМ, и понатаму се присутни.

Како што оценил Комитетот, тековната монетарна поставеност е соодветна, каматната стапка на благајничките записи се задржува на ниво од 2,75 проценти, а понудата на благајничките записи на денешната аукција исто така се задржува на износ од 25.000 милиони денари.

НБРМ информира дека во октомври годинава продолжи месечниот раст на кредитите, но со поумерено темпо. Најголем дел од растот произлегува од кредитирањето на домаќинствата. Првичните монетарни податоци за октомври покажуваат солиден месечен прираст на вкупните депозити во банкарскиот систем. Позитивните придвижувања во најголем дел се одраз на растот на корпоративните депозити, а позитивен, но помал придонес има и штедењето на домаќинствата.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

А1он

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици