НБРМ ја усогласува платежната статистика со европските стандарди

Од:

Народната банка на Република Македонија од јануари оваа година во значителна мерка има постигнато усогласеност на податоците со барањата од Регулативата за платежната статистика на Европската централна банка, што придонесува кон обезбедување квалитетни статистички податоци, усогласени со европските статистички стандарди, а при тоа водејќи сметка за известувачкиот товар и нивната ефикасна навремена и едноставна дисеминација до корисниците. 

НБРМ инфрормира дека во согласност со нив, известувачите доставуваат месечни податоци за сметките за вршење плаќања, платежните картички од аспект на брендот и видот на картичката, уредите што прифаќаат платежни картички, платежните трансакции по типот на платниот инструмент и типот на уредот, типовите учесници во платните системи и за плаќањата обработени преку платните системи. Притоа, за првпат известувачите доставуваат податоци за трансакциите направени со платежни картички на уредите опслужувани од страна на резидентни обезбедувачи на платежни услуги со картички издадени надвор од земјата, како и податоци за трансакциите на уредите опслужувани од страна на нерезидентни обезбедувачи на платежни услуги надвор од земјата со картички издадени во земјата. На овој начин платежната статистика опфаќа и податоци за прекуграничните трансакции во работењето со платежните картички.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите